25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Спасовски и Тасевски на заеднички ручек со децата и семејствата на загинатите припадници на полицијата

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и директорот на Бирото за јавнa безбедност Сашо Тасевски ги посетија децата и семејствата на загинатите припадници на полицијата во одморалиштето на МВР во Пониква, Кочани, кадешто имаа заеднички ручек и дружење во рамки на неколкудневниот престој на децата во одморалиштето.

На средбата министерот Спасовски изрази задоволство што повторно има можност да се сретне со децата и семејствата на загинатите припадници на МВР, активност што веќе прерасна во традиција, и да поразговараат за актуелни прашања од важност за нив, истакнувајќи и во оваа пригода дека тој и раководството на МВР се нивни пријатели и поддржувачи и дека тоа партнерство со здружението ,,Херои на Македонија 2001-2015“ и сите негови членови продолжува и во иднина.

„Нема држава во чии што темели не се вградени и животите на нејзините најдобри синови. Тоа со што нашите херои нѐ задолжија, се враќа само со дела, со хумани, професионални и благородни дела, со сѐ она добро, чисто и честито поради што тие воопшто и ги положија своите животи. Ова ме задолжува мене како министер, раководството на Министерството за внатрешни работи, но и сите останати институции да бидеме секогаш тука за вас, како нивни најблиски, и да направиме сѐ што е во наша надлежност, кога за тоа постои законска основа, да одговориме позитивно на вашите барања“, рече министерот Спасовски денеска пред децата и семејствата на загинатите припадници на МВР во Пониква.