Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАвест

Живковиќ: Потрошувачката кошничка се задоволува со две минимални плати

„Пресметките покажуваат дека минималната плата од 18 илјади денари е реална. Сега потрошувачката кошничка се задоволува со две минимални плати, а усогласувањето на останатите плати е нормална работа“ кажа советникот за труд и социјална политика на претседателот на Владата, Милан Живковиќ во емисијата „Економски магазин“ на Алсат.

Тој додаде дека лицемерно е опозицијата да зборува за раст и на другите плати, кога додека беа на власт, поранешниот министер за финансии кажуваше дека доколку минималната плата порасне над 12 илјади денари тоа ќе значи масовно отпушање на работници.

„Не само што немаше отпуштања, туку имаме и зголемување на бројот на работници во приватниот сектор. Невработеност сега се намали на 15,7 отсто“ кажа Живковиќ.

Тој додаде дека сите дискусии за раст на платите треба да се водат преку дијалог со социјалните партнери, а не преку медиуми, соопштенија и амандмани кои немаат допир со реалноста.

Можеби ќе ве интересира

НОВ ХОРОР ВО МАКЕДОНИЈА: Очув и мајка осомничени за обљуба на малолетно девојче

ДЕСК

МАКЕДОНИЈА ВЕЧЕРВА ВО СОЛЗИ: Во страотна сообраќајка на патот Прилеп – Росоман загинаа 2 лица, повеќе се повредени

ДЕСК

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ДЕСК