24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.БИЗНИС

Битиќи: Договоривме методологија според која минималната плата ќе расте во иднина

„Вчера не постигнавме само еден успех, за покачување на минималната плата на 18 илјади, туку неколку успеси. Договоривме методологија за усогласување на минималната плата која гарантира дека таа ќе се усогласува со животниот стандард и со растот на просечната плата“ кажа вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во „Утрински брифинг“.

Тој додаде дека минималната плата според новата методологија никогаш нема да биде под 57 отсто од просечната плата.

„Ние мора да се бориме да ги извлечеме работниците од прагот на сиромаштијата и да почнат да добиваат достоинствени плати. Нема да дозволиме да се вратиме на нивото од 2016 година кога минималната плата беше само 38 отсто од просечната“ кажа Битиќи.

Тој додаде дека постигнатото решение гарантира успех, бидејќи до него се стигна низ дијалог на сите социјални партнери.