Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Град Скопје: Се санираат оштетувањата на булеварите низ градот

Во текот на викендот теренските служби на Град Скопје и ЈП Улици и патишта пристапија кон санација на крупните оштетувања на коловозите на неколку локации, односно Јужен булевар, булевар Осми септември и булевар Борис Трајковски (населба Пинтија кон населба Драчево), информираа од Град Скопје.

Додаваат дека санирање на улиците и булеварите во Град Скопје е еден од приоритетите на ЈП Улици и Патишта, кои во континуитет ги следат потребите за итна санација на одредени булевари низ градот, но и отпочнуваат со нови решенија за подобрување на патната инфраструктура во градот Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски со честитка за Денот на општината: Заедно со граѓаните го обликуваме развојот на Центар

ДЕСК

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ДЕСК

Сотир Лукровски стана градоначалник на Општина Карпош

ДЕСК