Фејсбук статус на поранешниот премиер Зоран Заев:
Беласица е една од најстарите планини на Балканот – таа е нашата македонска убавица која нѐ поврзува со Бугарија на исток и со Грција на југ.
Шумите, пасиштата, термалните води, водопадите и камените врвови ја прават Беласица уникатна и примамлива за туризам, за лекување и за авантура низ целата година.
Да ја чуваме и да ја посетуваме и да продолжи да ни биде инспирација за големи идеи како онаа за „Балкан без граници“.