23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(ВИДЕО) ВМРО ДПМНЕ бара он лајн настава, Мицкоски и раководството на неговата партија, собрани на слава, кршат здравствени протоколи

На социјалните мрежи се појави видео снимка од манастирска просторија, каде лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со дел од партиското раководство се веселат седнати на големи маси без да држат растојание и без да ги почитуваат мерките за заштита од ковид 19. ВМРО-ДПМНЕ вчера бараа од власта да ја преиспита одлуката за второто полугодие да почне со физичко присуство на учениците затоа што засилено се шири омикрон варијантата на Ковид-19.

Твитер заедницата остро реагира на ваквото неодговорно однесување на лидерот на опозицијата

– „Да се расположиме пред почетокот на новото полугодие“, „За ваква ли грижа за граѓаните за време на здравствена пандемија зборува Мицкоски? Вака ли напикани кластерски ќе ги намалуваме бројките? За овој настан ќе излезе ли утре Наум на прес?“, „Е да бе, теретана не, кафана не, црква не, каде да оди?“ се дел од коментарите упатени кон лидерот на ВМРО ДПМНЕ.