23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Арсовска не сработе ништо во првите 82 дена, затоа ВМРО-ДПМНЕ со конструкции сака да ја прикрие нејзината неспособност

Соопштение на СДСМ:

Изминуваат првите 82 дена од мандатот, а градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска нема реализирано ниту еден свој проект.

Напротив, Арсовска на штета на граѓаните и Градот, прекинуваше готови проектни решенија како оној за Бас рапид транзит.

Наместо бесплатен јавен превоз, Арсовска воведе билет од 120 денари, а потоа бараше финансиска помош од Владата за ЈСП.

Наместо професионализација на администрацијата како што ветуваше, Арсовска ги партизираше установите и претпријатијата и ќе потроши 670.000 евра за вдомување на 10 партиски кадри во Град Скопје.

Граѓаните го гледаат неработењето на Арсовска, затоа од нејзината партија ВМРО-ДПМНЕ секојдневно измислуваат конструкции во обид да ја прикријат нејзината неспособност, затоа и Христијан Мицкоски ја користи секоја прилика да бара оправдувања за неработењето на Арсовска.

Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ работат на штета на граѓаните и свесно го кочат развојот на Град Скопје.