23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Сали: Второто полугодие ќе почне со физичко присуство

Второто полугодие во училиштата ќе почне со физичко присуство, изјави министерот за здравство, Беким Сали, и според него, епидемиолошката состојба го дозволува тоа, а Министерството за здравство ќе прави скрининг меѓу учениците по случаен избор.

Министерот најави дека ќе бидат преземени мерки доколку се појави ширење на коронавирусот во одреден регион, општина или град.

„Според нашите податоци, нема потреба од онлајн-учење во овој момент затоа што епидемиолошката состојба се менува секоја недела и врз основа на тие податоци ние ги носиме одлуките. Тоа значи дека од 1 февруари ќе се почне со физичко присуство во училиштата и како Министерство ќе преземеме превентивни мерки со случаен скрининг и во зависност од регионот, градот или општината, ако се појави епидемија, ќе се преземат мерки“, најави Сали.

Вчера, Синдикатот за образование, наука и култура побара од Владата да ја преиспита одлуката за почеток на второто полугодие со физичко присуство. Од таму оценуваат дека во ситуација кога расте бројот на новозаболени, треба да се почне со онлајн-настава во првите две недели, а потоа да се согледа епидемиолошката ситуација за да се почне со физичко присуство.