26. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Пецаков е фатен како ги крши здравствените протоколи, затоа ВМРО-ДПМНЕ лаже за Зечевиќ

Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ се фатени како не ги почитуваат законите и здравствените протоколи, партијата се дозакопува со нови невистини.

Не е точно дека генералниот секретар Миле Зечевиќ бил позитивен на празникот Водици, ниту пак дека со симтоми учествувал на настаните тој ден. Тоа е целосна невистина од кујната на очајната ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од СДСМ.

Ограмна е разликата помеѓу Миле Зечевиќ и неодговорноста на Кирил Пецаков.

Од СДСМ нацедуваат дека Кирил Пецаков додека чекал резултати за Ковид 19, спротивно на протоколите, беше помеѓу граѓаните на одбележувањето на празникот Водици, наместо да биде во изолација и затоа Пецаков треба да понесе одговорност.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Црвените линии за СДСМ се јазикот, идентитетот, историјата и културните особености, за нив не се преговара

C +

Кај 11 лица од Трубарево утврдени иритации на грлото при скринингот

C +

Костадин Ацевски: Ќе ставиме крај на бетонизацијата во Хром – жителите заслужуваат инфраструктура и чиста средина, а не нови згради

C +