25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Работна група од македонски и бугарски експерти ќе работи на железничкото поврзување

Владата го прифати усогласениот текст на Меморандумот за разбирање за развој на железничко поврзување меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија „Скопје-Софија“.

Меморандумот, претставен од министерствата за транспорт и врски на двете земји, се очекува да биде потпишан за време на заедничката седница на двете влади, која ќе се одржи утре во Софија.

„Со документот се изразува согласност за формирање заедничка работна група составена од експерти со соодветен професионален капацитет и експертиза во области како што се управување со проекти, европско и меѓународно право, инженерство и управување со финансии, со цел да се забрза процесот на подготвителните и имплементационите активности за проектот.

Меморандумот е подготвен имајќи го предвид развојот на добрососедските односи меѓу двете земји, како и потребата од зајакнување на економските и трговските активности и ја истакнува заедничката цел за развој на „Проектот за железничко поврзување Скопје-Софија“, кој е од заеднички и регионален интерес и има значително стратешко и економско значење за граѓаните и економиите на двете држави, соопшти владината прес-служба.

Согласно Меморандумот, работната група ќе се состанува најмалку четири пати годишно на експертско ниво за да работи на напредокот на спроведувањето на проектот.

Можеби ќе ве интересира

Ова е најголемиот НЕПРИЈАТЕЛ на бракот и врските

M T

Најеминентните експерти откриваат дали на планетата и се заканува пандемија на мајмунски сипаници

M T

Меѓувладината работна група за европска соработка денеска ќе одржи состанок во Скопје

M T

Експертите предупредуваат: Постои специфичен знак дека компирот повеќе не треба да се јаде и дека е опасен по здравјето

M T