23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Беким Сали е новиот министер за здравство, ветува еднаков пристап до квалитетни здравствени услуги

Беким Сали од Алтернатива ја презеде функцијата министер за здравство од Венко Филипче. Вети дека ќе направи се’ што е во негова моќ, со цел здравствениот систем да биде што помалку ранлив, а што повеќе издржлив на предизвиците со кои се соочуваме и со оние со коишто допрва следат.

Како што рече, приоритети во неговата работа како министер ќе бидат превенцијата и еднаквиот пристап до квалитетни здравствени услуги, зголемувањето и зајакнувањето на капацитетите во здравствениот систем, како и координацијата и доследноста во унапредувањето и спроведувањето на работните политики. Покрај тоа, вели Сали, „бескомпромисно ќе се залагам за подобрување на статусот и условите во коишто функционираат здравствените работници и медицинскиот персонал“.

Истакна дека во ниту еден момент не смее да се заборави дека зад секоја статистика се наоѓаат граѓаните, коишто се најдиректно засегнати од она што се случува во здравството.

Ексминистерот за здравство, Венко Филипче, му посака успех и среќа во извршувањето на функцијата.

„Верувам дека ќе одговори на предизвиците кои ги наметна ковид пандемијата, но и на останатите сегменти од здравството. Верувам дека и во негов фокус ќе бидат грижата за пациентите, здравствените работници и транспарентноста кон медиумите“, наведе Филипче.

Досегашниот министер за здравство, претходно го сумира своето работење во изминатите четири години и рече дека продолжува да работи во интерес на пациентите и здравствените работници.

Можеби ќе ве интересира

Министерот Беким Сали учествува на 75-та Асамблеја на СЗО во Женева

M T

Д-р Беким Сали: Ќе сторам се’ што е во моја моќ здравствениот систем да биде што помалку ранлив, а што повеќе издржлив на предизвиците со кои се соочуваме и со оние со коишто допрва би се соочувале

M T