8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

181 санкционирани возачи во Скопје, 39 во алкохолизирана состојба

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (16.01.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 181 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 39 санкции, 28 мерки за возење без возачка дозвола, 39 санкции за возење под дејство на алкохол, осум за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за недавање првенство на минување на пешаци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Валандово: Во време на најтешки кризи, СДСМ покажа дека може, платите растеа 7 години по ред

ДЕСК

Синоптичарите објавија нови прогнози: Какво ќе биде времето утре?

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата вечерва?

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.