„Разговорите со Република Бугарија ќе продолжат и ќе се интензивираат, бидејќи ние сме пријателска земја која развива добрососедство и бидејќи имаме исклучителен стратешки интерес да ги започнеме преговорите за членство во ЕУ“ кажа мандатарот на новата Влада, Димитар Ковачевски во неговото експозе пред пратениците.
Тој додаде дека историјата треба да се остари на историчарите, но дека идентитетсктие прашања се темели на народот и на државата.
„За Владата не постои никаква дилема – никој не смее и никој нема да преговара за идентитетот на македонскиот народ и за историски и научно потврдената специфичност и уникатност на македонскиот јазик“ потенцираше Ковачевски.
Тој додаде дека македонските и бугарските граѓани се повеќе заинтересирани за економија, за културни, образовни и младински размени, за инфраструктурата која не поврзува и дека македонската и бугарската влада мора многу повеќе да соработуваат на овие теми.
„Владата ќе продолжи исто така да ги одржува и развива добрососедските и пријателски односи со сите свои соседи, постојано иницирајќи нови програми и проекти за поврзување на граѓаните преку иницијативи како што е ‘Отворен Блакан’“ кажа Ковачевски.