Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Разбојници од Скопје, со закана од нож украле чанта со дневен промет од бензинска пумпа

Денеска во 5:20 часот со заедничка акција на полициски службеници од полицискиот пункт од оперативната акција „Рефлекс“, мото патрола од Полициското одделение Петровец и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на подрачјето на с.Катланово се лишени од слобода М.М.(22) и К.Р.(25), двајцата од Скопје.

Тие, дваесеттина минути претходно, на бензинска пумпа на локалниот пат с.Ржаничино – с.Катланово со закана со нож од вработените одзеле чанта со дневен промет.

Кај лицата се пронајдени одземените парични средства и ножот кој е користен при извршување на кривичното дело.

Тие се приведени во полициска станица и во координација со Јавен обвинител, по документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

Муцунски и Сијарто: Динамична соработка и силна унгарска поддршка за ЕУ-интеграциите

C +

Силен циклон пристигнува утре – локално над 40 литри дожд! Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Поранешниот министер најави тужби: „Ми го валкаат името со измислици и лажни тврдења“

C +
error: Соддржината е заштитена.