24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски: Имаме најголеми буџетски инвестиции во историјата

„Прво овој план за забрзан економски раст кој што е средорочен план не е носен на универзитети, тој напротив е носен низ дијалог со експерти од МФ и од други ресорни министества, меѓутоа и од нашите колегите и партнери од меѓународните финансиски институции. Кои што нормално финансираат во РСМ како финансиски средства, така и „Know how“, тој се базира на зголемување на буџетските инвестиции. Ние оваа година имаме највисоко ниво на буџетски капитални инвестиции проектирани, меѓутоа и воведување на нови механизми за активирање на поголемо ниво на приватни инвестиции во државата кои што заедно преку ЈПП, преку воведување на четири различни видови на обврзници како и проектна обврзница, развојна обврзница, обврзница индексирана со инфлација. Ова е план за забрзан економски раст во кој се воведени нови инструменти кои што треба да го зголемат нивото на инвестиции во државата како државните инвестиции од буџетот, меѓутоа доминантно и приватни инвеститори.“- изјави мандатарот Димитар Ковачевски, лидер на СДСМ, во Топ тема на Телма.