24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски: Имаше кочења во парламентот од страна на опозицијата, сега мнозинството ефикасно ќе работи и ќе ја стимулира економијата

„Граѓаните преку медиумите беа сведоци дека во парламентот често пати имаше кочење на законски решенија кои што значеа донесување на пакети за поддршка на граѓаните меѓутоа и на голем број закони кои што се значајни за отпочнување на инфраструктурни проекти, а кои што секако значат стимул на економијата и затоа и мојот повик на ниво на парламент е дека пратеничките групи од сите партии треба да разговараат и треба да ги изберат решенија на најбрз и на најефикасен начин да тие бидат донесени и да значат стимул и на економијата и на сите сектори кои што зависат од неа.“- изјави Димитар Ковачевски, лидер на СДСМ и мандатар, во емисијата Топ тема на Телма.