Изјава за медиуми на СДСМ, Гордан Шутаров, генерален секретар на СДММ и советник во Советот на Град Скопје:
Почитувани граѓани,
Градоначлничката на ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, не работи ништо, покажува неспособност и незаинтересираност за проблемите на скопјани.
Наместо да менаџира единствено што прави е постојано да бара пари и помош од Владата.
Бара пари од Владата за ЈСП а Владата има обезбедено 70 милиони евра за превоз во Скопје.
Бара пари за парно а Владата обезбедува 80% од трошоците за актуелната цена на парното.
Во исто време додека бара пари Аросвска вработува 109 партиски војници на ВМРО – ДПМНЕ.
Аросвска нема пари за парно за Скопјани а одвојува 670.000 евра од парите на скопјани за вдомување партиски војници.
Тоа се 70% од парите кои Арсовска треба да ги одвои за парното за скопјани, за кое владата покрива 80% од цената.
Арсовска не сака да даде 1 милион евра за парно за скопјани да не добиваат повисоки сметки за парно, но затоа немаат проблем да потрошат 670.000 евра за вдомување на партиски кадри.
Несериозни и неодговорни се тврдењата дека Буџетот веќе бил донесен, секој Буџет па и оној на Град Скопје може да претрпи измени, односно да се направи ребаланс, особено во периоди на глобални кризи, како што е енергетската криза.
Арсовска, Славевски и ВМРО-ДПМНЕ нека направат ребаланс, нека се откажат од вдомувањето партиски кадри во Град Скопје и ќе успеат да најдат еден милион евра за да се субвенционира покачувањето на топловдната енергија.
Недозволиво е градоначалничката на Скопје да покажува целосна негрижа за своите сограѓани, недозволиво е да бара оправдување за нејзината тотална неспособност.
линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=wyTSQ950LBo