Соопштение на СДСМ:
„Данела Арсовска, градоначалничка од ВМРО-ДПМНЕ, во изминатите 2 месеци не реализираше ниту еден еколошки проект, не презема ниту еден чекор, ниту една мерка за почист воздух во Скопје.
Наместо да ги зголеми Арсовска ги намали парите од градскиот буџет за ново зеленило, за паркови, дрвореди. Дури 33 проценти помалку пари за зелени садници предвидува Арсовска во Буџетот за 2022 година.
Нема пари за нови паркови, иако им ги ветуваше на скопјани за време на изборната кампања. Каде се новите паркови во Аеродром, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода и Чаир? Ги нема.
Дополнително, проектот за еколошкиот и ефикасен јавен превоз, БРТ, Арсовска го прекинува. Иако средства за него се обезбедени и проектот е во интерес на скопјани и почиста животна средина.
Крајно неодговорно е да се намалуваат парите за животна средина, да се намалуваат парите за зеленило, за паркови, за нови садници, да се укинува проектот за ефикасен и еколошки градски превоз.
Арсовска покажува голема неспособност и вака не може да обезбеди чист воздух и здрава животна средина во Скопје“.