18. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Голем одрон на патот Свети Николе – Миладиновци

На патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци на 10 километри пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри, информираат од АМСМ.

На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно возење.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, посочуваат од АМСМ.

Можеби ќе ве интересира

Куманово со најмногу гласачи 94.041, Лозово со најмалку 1.905

C +

Гласаат болните, немоќните и затворениците

ДЕСК

Сообраќајка на патот Охрид – Ресен, има повредени

ДЕСК