Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

92 санкции за брзо возење на територија на СВР Тетово

Денеска (06.01.2022) во периодот од 12.00 до 16.00 часот на територијата на СВР Тетово спроведена e зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 92 возачи. Од нив 15 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 77 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Поднесено обвинение за несреќа со загинат работник на сепарација на Вардар

ДЕСК

Кривични пријави против екс-функционери и вработени во државна институција

ДЕСК

Ја носел ќерката да питачи, а потоа ги земал парите за себе – Полицијата поднесе кривична против родител

ДЕСК