7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Претседателот на партијата за движење на Турците на средба со Ковачевски и Зечевиќ

Претседателот на Партијата за движење на Турците – ТХП, Енес Ибрахим, и генералниот секретар на партијата Илхан Рахман денеска имаа средба со претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, и генералниот секретар Миле Зечевиќ и им честитаа за новата функција, посакувајќи им успех.

Меѓу другото Партијата за движење на Турците – ТХП очекува новата Влада да го продолжи и зацврсти концептот на едно општество и да ја интензивира имплементацијата на Националната стратегија за едно општество и интеркултурализам.

Очекуваме дека новата влада ќе најде соодветен изборен модел кој ќе овозможи правично и фер претставување на помалку бројните заедници во Собранието на Република Северна Македонија.

ТХП од новиот мандатар очекува да ја запази политичката и институционалната претставеност на Турците и да работи за подобрување на образованието и културните дејности на турски јазик.

Можеби ќе ве интересира

Свадба во затворот во Струмица (ФОТО)

ДЕСК

Спасен параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК

Спасувачка акција на повреден параглајдерист закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК