27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Костадиновска Стојчевска: Очекувавме опозицијата да сфати дека целта на државата е да оди напред, а не да блокира по фијаското со парламентарното мнозинство

„Мислевме дека опозицијата увиде по фијаското со несобраното парламентарно мнозинство дека граѓаните, пратениците и институциите имаат една цел, а тоа е земјата да стане членка на ЕУ, да е стабилна и да одиме напред. Се надевавме дека ќе прекинат да ги блокираат законите во Собранието“ кажа потпретседателката на СДСМ и пратеничка Бисера Костадиновска Стојчевска во вестите на ТВ24.

Таа додаде дека во период од една година и шест месеци по последните парламетнарни избори одржани се повеќе јавни расправи за закони отколку во 11 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

„Токму кога мислевме дека и тие ќе го стават интересот на државата пред партиските интереси, тие повторно го блокираа Законот за надворешни работи, каде што се потребни измени, бидејќи од 1 јануари сме претседавачи со ОБСЕ“ кажа Костадиновска Стојчевска.

Таа додаде дека блокирани се и други закони, меѓу кои и законите за усогласување на македонското со ЕУ законодавството.

Како што кажа Костадиновска Стојчевска опозицијата ги блокира законите со поднесување на голем број амандмани, како и со злоупотреба на процедуралните забелешки кои траат до недоглед.