24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Обвинение за обид за тешка кражба од гроб во Куманово

Тројца кумановци во октомври минатата година се товарат за тешка кражба, на Градските гробишта во Куманово. Според информациите, тие се обиделе да одземат накит од почината, за која имале сознанија дека е закопана со злато на себе.

„ Двајца 30-годишници и едно лице на возраст од 32 години, сите од Куманово, заедно и по претходен договор, ноќта помеѓу 9 и 10 октомври, на Градските гробишта во Куманово, се обиделе да одземат туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвојат. Со помош на рачен алат, лопати и ашов ја тргнале мермерната плоча со која бил покриен еден од гробовите, по што започнале да ја ископуваат земјата и дошле до ковчегот во кој се наоѓало телото на покојната Јелена Филиповиќ.

Го отвориле ковчегот и започнале да вршат пребарување на телото со цел да пронајдат златен накит, бидејќи имале сознанија дека покојната наводно е закопана со злато на себе. При пребарувањето не успеале да пронајдат ништо, поради што делото не го довршиле“ се наведува во соопштението од обвинителството.​

Основното јавно обвинителство Куманово поднесе Обвинителен предлог против тројцата кумановци, кои се товарат дека како соизвршители се обиделе да извршат кривично дело – тешка кражба.