23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНАИЗБОР

Поховани ќебапи се апсолутен хит: Одвнатре меки и сочни, а однадвор крцкави! Со еден збор, совршено!

Не знаете дали повеќе би сакале да јадете ќебапи или поховано месо? Тогаш зошто да не подготвите поховани ќебапи и да се почестите со најдоброто од двете јадења!

ПОТРЕБНО: 300 гр мелено месо, 300 гр бел компир, 1 главица кромид, 2 чешниња лук, сол, 2 жолчки, бибер, оригано.

ПОДГОТОВКА: Сварете ги компирите, изладете ги и изрендајте. Измешајте ги со мелено месо, ситно сечканиот кромид, лукот и жолчките. Додадете сол и зачини по вкус и добро измешајте. Од добиената маса обликувајте ги ќебапите со подмачкани раце и секој валкајте го во брашно, па во изматени белки и на крај во презла. Во длабоко врело масло пропржете ги ќебапите, исцедете ги и послужете ги со сезонска салата.