23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИСИЗБОР

Не се исполнија заплашувањата на Мицкоски за енормно покачување на цената на струјата

Не се исполнија лагите и сеењето страв од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за енормни покачувања на цената на електричната енергија. Иако Мицкосоки ги плашеше граѓаните дека цената на струјата ќе порасне за околу 50 отсто, сепак покачувањето ќе биде 9,48 проценти.

Како главен виновник за помалото покачување од тоа што го бараа енергетските компании е одлуката на Владата да им помогне со економски мерки, потврди и претседателот на регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски.

„Ова е една од најтешките одлуки што ги донела РКЕ од своето постоење. Реалното зголемување ќе беше многу поголемо, околу 25 проценти, но успеавме да скратиме многу трошоци, а Владата презема обврска да им помогне на државните компании во наредниот период“, вели Бислимовски.

Освен обезбедување на тоа граѓаните и компаниите да не добијат вртоглаво повисоки сметки за струја, Владата во својата програма за ранливи потрошувачи на енергија за 2022 година предвидува и намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во износ од 600 или 800 денари, во зависност од големината на домаќинството.

Финансиска поддршка ќе се доделува на лица доколку нивните редовни месечни примања не го надминуваат нето приходот и тоа, за самец до минимална плата, за домаќинство со два члена до 18.000 денари, за домаќинство до три члена до 21.000 денари, за домаќинство со четири члена до 25.000 денари и за домаќинство со пет члена или пак повеќе члена до 30.000 денари.