„Мојот став како заменик-претседателка на СДСМ, но и ставот на претседателот Ковачевски и сите функционери е дека вратите се отворени за сите и секој член ни е потребен. Демократијата и слободата секогаш ни се на прво место“ кажа заменик-претседателката на СДСМ и директорка на УЈП, Сања Лукаревска во емисијата „Економски магазин“ на Алсат М.
Таа додаде дека во моментов функционерите разговараат со многу активни и поранешни членови на партијата, кои поради разни причини не биле активни изминатиот период.
„Обединувачкиот момент ни е заштитен знак во наредниот период и така мора да продолжиме. Само така ќе успееме“ кажа Лукаревска.
Таа додаде дека ќе има кадровски промени во извршната власт, како и на директорските места, што е очекувано по поразот на локалните избори и смената на првиот човек во СДСМ.
„Основна идеја на Ковачевски, што ќе биде и негова водилка во наредниот период е менаџирање на состојбите во СДСМ и државата со нула клиентализам и чесни кадри“ кажа Лукаревска.