9. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тешко повреден пешак во Битола,откако во него удрил автомобил

68-годишен пешак се здобил со тешки телесни повреди, откако патничко возило удрило во него.

Како што информираат од МВР, утрово во 06.05 часот било пријавено дека во Битола, на крстосницата од ул.„Филип Втори Македонски“ и ул.„Благојче Сиљановски“, патничко возило „мицубиши колт“, со битолски регистарски ознаки, управувано од П.Г.(62) од Битола удрило во Ф.Ц.(68) од Битола.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

Можеби ќе ве интересира

Запленети куп ајфони на граница (ФОТО)

ДЕСК

Тоневски: Во наредните 4 години ќе инвестираме во патната инфраструктура во Пробиштип

C +

Мециновиќ: Среќен сум со текот на кампањата и сè поверојатно е дека влегуваме во втор круг

C +