Фејсбук статус на Љупчо Николовски, доскорешен генерален секретар на СДСМ:
Утрово официјално му ја предадов функцијата генерален секретар на СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија на Миле Зечевиќ.
Искрено му посакав многу успех во идното работење на оваа битна функција. СДСМ е најбројна, најмодерна европска партија и сигурен сум дека функционирањето и организацијата на партијата ќе продолжи по патот на единството и социјалдемократските вредности.
Во изминатиот период направивме многу значајни чекори кон модернизирање и дигитализирање на партијата, се реорганизираше теренската работа и се спроведоа внатрепартиски избори, се стави во функција Центарот за истражување и аналитика на СДСМ, се формираше и Call Center за добивање на прецизни податоци врз кои се носат планираните активности во рамки на партијата, за првпат се организираше и дигитален Конгрес, се воведе Кодекс на однесување на членовите на СДСМ а се воведе и мониторинг систем врз работата на Општинските организации.
Од сè срце се заблагодарувам на сите партиски членови со кои работевме во изминатиов период!