23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Владата закажа владина седница

Владата на Република Северна Македонија, денеска, 28.12.2021 година (вторник) ќе ја одржи редовната 130-та седница, на која согласно своите надлежности ќе разгледува повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На дневниот ред на денешната седница е предвидено да се најде информацијата, со Предлог-одлука за прераспределба на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за Стратешки зелен инвестициски фонд, како и информација за спроведување на ИПА проектот „Подготовка на стратешки мапи за бучава и акциски планови со програма со мерки“.

На оваа седница, меѓу другото, ќе се расправа и по информацијата за Предлог-стратегија на Владата на Република Северна Македонија за соработка и развој на граѓанското општество, со Акциски план 2022-2024.

За заклучоците и одлуките од денешната Владина седница, којашто е предвидено да започне во 12:00 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение, веднаш по нејзиното завршување.