АМСМ соопшти дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, е затворен за сообраќај за сите видови возила од 15.11.2021 до 1.04.2022. Од охридска страна сообраќајот ќе се одвива до месноста Корита.
Од АМСМ препорачуваат приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.