21.8 C
Скопје
23. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Британците го избраа омилениот божикен хит

Британците го изгласаа својот омилен божикен хит и ретко кој можеше да претпостави кој ќе биде победникот, а тоа е песната Killing in the Name на американската рап-метал група „Рејџ агеинст д машин“ (Rage Against The Machine).

Анкетата, направена во соработка со Nine Eight Books, беше спроведена со цел да го одбележи објавувањето на книгата со официјални број 1 божикни синглови, која е водич за 70 божикни хита, а на секоја песна ѝ се посветени две страници.

По тринеделно гласање, конечната битка се водеше помеѓу 2 Become 1 на „Спајс грлс“ и Killing in the Name на „Рејџ агеинст д машин“, која на крајот победи со 51 % од гласовите.

Инаку, ова е продолжение на приказната од 2009 година кога овој сингл од популарните бунтовници одеднаш стана божикен хит благодарение на кампањата што имаше цел да ги спречи ѕвездите на „Х-фактор“да го имаат најголемиот божикен хит петта година по ред.