23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Од јануари месечен надомест за приватните специјализанти

Министерството за здравство информира дека приватните специјализанти кои започнаа со специјализација од септември 2021 година, на нив месечниот надомест ќе почне да им се исплаќа од јануари 2022 година.

Од министерството додаваат дека на специјализантите ќе им се исплатат и заостанатите месечни надоместоци, односно од септември заклучно со крај на 2021 година.

За првпат, почнувајќи од 2018 година, приватните специјализанти за својот труд земаат месечен надомест во висина од просечна плата на општ лекар.

Претходно приватните специјализанти, за време на специјализацијата работеа без пари. Освен месечен надомест, од 2021 година, на приватните специјализанти им се плаќа здравствено осигурување и платени им се дежурствата.

Можеби ќе ве интересира

Лидија Тасевска: Дополнителни 1.100 стечајци ќе добиваат месечен надомест од над 9.200 денари, се грижиме за сите

M T