18-годишен кумановчанeц е уапсен затоа што насилно се однесувал кон неговата мајка а полицијата кај него пронашла и нож.
Имено, рано утрово во 00:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.Ј.(18) од Куманово, затоа што претходно во домот агресивно се однесувал кон неговата мајка и оштетил дел од покуќнината.
Исто така, при преглед кај него бил пронајден и одземен нож.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.