Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Македонските возачки дозволи се признати во Данска

Од денеска македонските возачки дозволи се признати и во Данска.

Информацијата ја сподели министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

„Последните информации кои тукушто пристигнаа од нашата амбасада во Копенхаген, е дека данските власти, а врз основа на билатералната соработка, донесоа одлука за признавање на возачките дозволи на Северна Македонија. Со оваа одлука, граѓаните на Северна Македонија, кои имаат регулирано постојан престој на територијата на Данска, веќе од 14 декември ќе можат да управуваат возило со замена на својата возачка дозвола за соодветна данска возачка дозвола, за категорија Б, без услов апликантот да мора да положи контролен возачки испит“, соопшти Османи.

Министерот додаде дека решавањето на ова прашање е од голема важност за македонските државјани во Данска.

Можеби ќе ве интересира

ВИСОК ПРИТИСОК ГО „ЗАКЛУЧУВА“ ВРЕМЕТО: Стабилност со скриена замка – Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

СДСМ со упатство: Безидејно ВМРО – ДПМНЕ, Македонија 2030

ДЕСК

Пожар во стан во Скопје, за среќа нема повредени

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.