22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАБИЗНИС

Бектеши: Година на надминување на пречки и важни чекори кон поефикасна трговија во регионот

На завршниот настан на годинашната „ЦЕФТА недела“ фокусот беше ставен на промовирање на напорите за подобрување на движењето на стоки и услуги на ЦЕФТА пазарите. Министерот за економија, Крешник Бектеши, ја истакна важноста на ЦЕФТА за развој на регионалниот пазар и економско закрепнување од последиците од ковид-19 пандемијата.

„ Оваа година успеавме да започнеме и завршиме важна работа во рамките на македонското претседателство со ЦЕФТА организацијата и спроведувањето на Акцискиот план за заедничкиот регионален пазар. Наше е да продолжиме да ги исполнуваме нашите обврски и понатаму да го развиваме Договорот преку создавање поволни услови за трговија за бизнис секторот и стимулирање на конкуренцијата. Во рамките на нашето претседавање со бројни тела на ЦЕФТА и преку преговори за воспоставување механизам за решавање спорови, го подобривме слободното движење на стоки преку елиминирање на бариерите, постигнавме напредок во слободниот проток на услуги и го подобривме институционалниот капацитет во структурите на ЦЕФТА“. рече министерот Бектеши.

Директорот на Секретаријатот на ЦЕФТА, Емир Џикиќ, ја истакна важната улога на ЦЕФТА во промовирањето на подобри трговски услови во последните 15 години: „Студиите покажаа дека договорот ЦЕФТА придонесе за растот на извозот на членките меѓу 40 и 80 проценти. Она што сега е најважно е иднината и потенцијалите што таа ги носи, а тоа е зголемување на БДП за околу 6,7. проценти ако ја доведеме ЦЕФТА на ниво на интеграција што постои во Европската Унија. Оваа година ги направивме првите чекори во таа насока“.

Македонија го предава претседавањето со ЦЕФТА на Молдавија, која ќе ја има оваа улога во 2022 година, со ветување дека ќе продолжи да работи на промовирање амбициозни планови поврзани со трговијата.

Неделата на ЦЕФТА беше организирана во соработка со партнери од Канцеларијата за интелектуална сопственост на Европската унија, ГИЗ, УСАИД Северна Македонија и Форумот на Стопанската комора на Западен Балкан, со поддршка на Европската комисија.

Можеби ќе ве интересира

Бектеши: Според сите показатели годинава ќе бидат постигнати очекуваните резултати во туризмот

M T

Пресечен меѓународен канал за недозволена трговија со синтетички дроги

M T

Бектеши и министри од регионот во Софија ќе разговараат за снабдувањето со енергенти

M T

Приведени 10 лица поради сомнение за криумчарење и неовластена трговија со прекурсори

M T

Средба Бектеши – Ризваноли: Почнуваат преговори за набавка на јаглен од Косово во Северна Македонија

M T

Бектеши го презентираше граѓанскиот буџет за 2022 година: Повеќе средства за капитални инвестиции, обновливи извори на енергија, поддршка на МСП и домашниот туризам

M T