Поранешниот министер за здравство и актуелен градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари, најави оставка од функцијата генерален секретар на Алијанса за Албанците, поврзувајќи ја со лошиот резултат на партијата на неодамнешните локални избори.
„Сигурно е дека повеќе нема да бидам генерален секретар на Алијансса за Албанците, тоа е моја лична одлука. Има доволно време да се избере друга, помлада личност на таа функција“, изјави Таравари за ТВ Клан.