6. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Полицаец си ги издал своите колеги за нивната местоположба, помагајќи на криумчари на мигранти – завршил во притвор

„ОВР Неготино во содејство со Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава против С.К.(24) од Неготино поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „Оддавање на службена тајна“ и „Злоупотреба на службена положба и овластување“, казниви по член 360 и член 353 од Кривичниот законик“, известуваат од СВР Велес.

„По преземени оперативни мерки и активности било утврдено дека пријавениот-вработен како полициски службеник, давал информации на криумчари на мигранти каде има полициски патроли или ако тој бил на задача свесно ги пропуштал. Тој бил лишен од слобода и предаден во Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал“, информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Надлежните додаваат дека на С.К. му била одредена мерка притвор.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ УТРЕ МОЖЕН ДОЖД, ОД ЗАДУТРЕ ТЕМПЕРАТУРИ И ДО РЕЧИСИ 40 СТЕПЕНИ – Метеоцентар со детална прогноза

ДЕСК

ВМРО-ДПМНЕ: Владата активно презема мерки за поддршка на стопанството и за отворање нови работни места

C +

Тошковски за дивеењето на скопските улици: Нема храброст во ризикување животи за неколку секунди внимание

C +