7. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Метеоролозите со најава: Поројни дождови и снег низ Македонија

Под влијание на нов влажен бран денес преку целиот ден ќе има пообилни врнежи и на повеќе места ќе наврнат над 25 л/м2, а локално и над 40 л/м2 воден талог. Во западните делови од раните утрински часови на планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова позначителна снежна покривка.

Утре ќе има слаб локален дожд претежно на југоистокот и снег во планинските региони, Во понеделник ќе има услови за слаб снег на северот и ќе започне период на умерено до значително облачно и студено време, со умерен до засилен северен ветер.

Ветерот ќе биде најизразен вдолж Повардарието.

Можеби ќе ве интересира

ЗАСТРЕЛАН НОСИТЕЛ НА КАНДИДАТСКА ЛИСТА ЗА СОВЕТНИЦИ: Пукање среде Куманово

ДЕСК

Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман

ДЕСК

Мојсоска: Не смееме да молчиме пред геноцидот врз палестинскиот народ – македонскиот народ секогаш бил на страната на угнетените

ДЕСК