22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Царовска: Создаваме сеопфатно, квалитетно и инклузивно образование за сите, обезбедувајќи професионален и кариерен развој на наставниците, преку проект од ИПА2

Вложувањето во создавање на квалитетно образование достапно за секое дете е наш врвен приоритет, а дел од овие процеси и напори е и проектот „Подобрување на квалитетот на образованието” кој МОН во партнерство со GOPA ќе го спроведува во следните две години. Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска, денеска на воведниот состанок за започнување на проектот.

„Квалитетно и инклузивно образование можеме да создаваме исклучиво со мотивирани и добро обучени наставници. Токму и тоа е основната цел на проектот, да го подобри образованиот систем преку инвестирање во професионалниот и кариерен развој на наставниците со цел да се понуди сеопфатно, квалитетно и инклузивно образование за сите“, рече Царовска.

Проектот во целиот овој процес на осовременување на образовниот систем во Република Северна Македонија се очекува да го зајакне системот за професионален развој на наставниците и стручните соработници во согласност со професионалните компетенции и стандарди во средното, односно гимназиско и стручно образование. Да го поддржи системското зајакнување на развој и спроведување на ИКТ и дигитални вештини и компетенции во образованието, но и нешто што е многу важно, да се зајакне спроведувањето на инклузивното образование во професионалниот развој на наставниците, во согласност со Концептот за инклузивно образование.

Предвидените средства кои се од ИПА 2 програмата за реализација на проктот се во висина од 1,3 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

Шкријељ: СДСМ обезбедува инклузивно образование – вработени се 725 образовни асистенти

M T

Јетон Шаќири е новиот министер за образование и наука

M T

Царовска: Со опремување на 260 кабинети по природни науки и нови наставни програми кај учениците ја развиваме љубовта кон природата и свесноста за важноста на животната средина

M T

Царовска: Со поддршка од ЕУ градиме нов интегриран систем на податоци за основно, средно и високо образование, алатка која ќе го олесни одлучувањето и ќе ја забрза дигитализацијата

M T

Царовска по повод Меѓународниот ден за човекови права: Обезбедуваме еднаков пристап до квалитетно образование за секое дете

M T

Царовска по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост: Обезбедуваме услови и поддршка за секое дете да добие квалитетно образование и целосно да се реализира во општеството

M T