Денеска, заменик-помошникот на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Габриел Ескобар, ќе престојува во посета на Северна Македонија, каде што ќе оствари средба со министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
Во фокусот на разговорите се очекува да бидат билатералните односи меѓу двете земји, евроинтегративните перспективи на Северна Македонија, соработката во НАТО и актуелните состојби во земјата и регионот.
Во рамките на посетата ќе оствари средби и со повеќе високи претставници на државата, меѓу кои и претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев.