25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Студен и влажен бран над Македонија: Синоптичарите најавуваат пороен дожд и снег

Под влијание на влажен бран во следните два дена времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите на места ќе бидат поројни и пообилни, а утре на повеќе места ќе наврнат над 20 л/м2 воден талог.

Поради заладување проследено со засилен северен ветер врнежите во вторник ќе преминат во снег и на повисоките места, а до крајот на денот снег ќе има и на некои пониски места, особено во источните делови.

Прогноза за 07.12.2021
Минимална температура: 0°C до 7°C
Максимална температура: 3°C до 8°C

Облачно со врнежи од дожд, на планините и на повисоките места од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во источните делови (и над 20 л/м2). До крајот на денот снег ќе има и на некои пониски места, особено во источните делови, каде врнежите најдолго ќе се задржат. Снежната покривка на планините ќе се зголеми, а нова ќе се формира на повисоките места, како и речиси насекаде во источните делови. Ќе дува засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 08.12.2022
Минимална температура: -7°C до 2°C
Максимална температура: 3°C до 10°C
Наутро студено, а преку денот претежно сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 09.12.2021
Минимална температура: -8°C до -1°C
Максимална температура: 6°C до 12°C
Претпладне сончево со мала, а во западните делови со умерена облачност. Попладне пооблачно. Во вечерните и ноќните часови ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а од пладне повремено засилен југоисточен ветер.