22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Шахпаска: Со политики за инклузија на лицата со попреченост создаваме општество во кое различностите се почитуваат и вреднуваат

Преку сеопфатни политики и мултинституционален пристап градиме инклузивно општество во кое лицата со попреченост ќе имаа еднаков пристап за напредок и развој. Создаваме услови за нивна целосна инклузија во областа на образованието, здравството, локалните услуги, порача министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, во денешното обраќање на меѓународната конференција за демографска отпорност што се одржува во Софија, Република Бугарија, во организација на УНФПА и Владата на Република Бугарија.

Министерката Шахпаска презентираше дел од проектите на Министерството за труд и социјална политика во насока во делот на инклузијата на лицата со попреченост, но и политики за спречување на сите форми на дискриминација, спречување на насилството врз жените, како и унапредување на родовата еднаквост.

„Ја намаливме границата за лична асистенција. Сега право на личен асистент имаат лицата со попреченост од 6 до 64 годишна возраст. На тој начин овозможуваме лицата со попреченост да ги извршуваат секојдневните активности и да бидат активно вклучени во секојдневието. Ја изработивме и апликацијата Аудио – читач, која на слепите и на лицата со оштетен вид им овозможува пишаниот текст да го слушнат и разберат во аудио верзија. Градиме инклузивни градинки, ги вклучуваме сите деца во предучилишното образование. За оние кои се грижат за своите најблиски, а кои се лица со попреченост државата ја надополнува втората половина од платата доколку работат со скратено работно време, а за оние над 64 години возраст обезбедуваме еден вид на пензија, со цел да имаат економска сигурност“, истакна министерката Шахпаска.

Таа информираше дека социјалните услуги како што се помош и нега на стари лица и лица со попреченост во домот ја примаат 900 корисници на територијата на целата држава од страна на 300 негователи.

„Со усвојувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација, за прв пат го воведовме родовиот идентитет и сексуалната ориентација како основи за дискриминација. Интензивно работиме на имплементација на новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, а подготвуваме и сосема нов Закон за родова еднаквост. Со овој Закон ја зајакнуваме положбата и статусот на жените во општеството, преку три нови механизми и тоа Совет за родова еднаквост, Секретаријат за родова еднаквост и Ресурсен центар“, нагласи министерката Шахпаска.

На конференцијата, насловена „Обликување на европската демографска иднина“, главна тема беше демографската отпорност во услови на големи демографски промени. На конференцијата се разговараше за родовата еднаквост како и за креирање и имплементирање на родово одговорни политики како клучен елемент во развојот на сеопфатен одговор на демографските промени.

Во рамки на Меѓународната конференцијата министерката Шахпаска имаше средби и со Галаб Донев, вице-премиер за економски и социјални политики и министер за труд и социјална политика во Бугарија, Наталија Канем, извршна директорка на УНФПА, како и со Алана Армитаж, директорка на регионалната канцеларија на УНФПА за источна Европа и централна Азија.

Можеби ќе ве интересира

Шахпаска: После 40 години, децата од Кавадарци добиваат нова, современа и инклузивна детска градинка, со капацитет од 142 места

M T

Министрите Спасовски и Шахпаска на предновогодишно дружење со децата од Јавната установа за згрижување деца “25 Мај”

M T

Шахпаска: Социо-емоционалниот развој кај децата е клучен за понатамошниот развој на личноста, секој влог во квалитетното предучилишно образование е влог во нашата иднина

M T

Шахпаска: Со регулација на нестaндардните форми на вработување ќе создадеме нови работни места

M T

Шахпаска за Утрински брифинг: Оваа година МТСП имаше висока реализација на капиталните инвестиции, за наредната година обезбедивме двојно повеќе

M T

Средба Шахпаска-Григоријан: УНДП е наш партнер и голем поддржувач, заедно создаваме услови за целосна инклузија и вработување на ранливите категории на граѓани

M T