7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Средба Шахпаска – Канем: Северна Македонија е лидер во регионот во унапредувањето на човековите права, родовата еднаквост и борбата против родово базираното насилство

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, денеска имаше средба со извршната директорка на УНФПА Наталија Канем, како и со Алана Армитаж, директорка на регионалната канцеларија на УНФПА за источна Европа и централна Азија.

На состанокот, кој се одржа на маргините на дводневната министерска конференција за демографската иднина на Европа, што се одржува во Софија, Република Бугарија, присуствуваа и директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски и Ана Данева Маркова, претседателка на Комитетот за безбедно мајчинство.

На средбата директорката Канем и Армитаж и оддадоа посебно признание на нашата држава и беше потенцирана како лидер во регионот, во делот на унапредување на човековите права, особено во делот на прашањата за родово базирано насилство, родова еднаквост, успешно спроведениот попис на населението, домаќинствата и становите во земјава, како и на успехот во унапредувањето на мајчиното и новороденечкото здравје.

Министерката Шахпаска истакна дека Министерството за труд и социјална политика и Владата на Република Северна Македонија креираат системски политики и преземаат конкретни мерки во делот на спречувањето на сите форми на дискриминација, унапредување на родовата еднаквост, борба против родово базирано насилство, како и целосно имплементирање на Истанбулската конвенција.

Таа нагласи дека економската независност на жената е клучен елемент и затоа Министерството инвестира во изградба на градинки во рурални средини, но и во децентрализација на социјалните услуги кои можат да придонесат и помалку вработливите жени да се вклучени на пазарот на трудот.

На средбата беше договорено да се прошири и продлабочи соработката со УНФПА, особено во делот на креирањето и спроведувањето на демографските политики и размена на искуства со земјите во регионот за сексуално репродуктивно здравје и права.

Конференцијата, на која се дискутира за демографската отпорност и јакнење на капацитетите на земјите да одговорат на демографските промени во регионот, ја организираат Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА и Владата на Република Бугарија.

Главни теми на конференцијата се: стареење на населението, фертилитет, родова еднаквост, планирање на семејството, аспирации на младите, ревитализација на руралните области, финансирање на социјалните политики, како и поврзаноста меѓу демографијата и демократијата.

Можеби ќе ве интересира

Свадба во затворот во Струмица (ФОТО)

ДЕСК

Спасен параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК

Спасувачка акција на повреден параглајдерист закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК