Утрово, најниска температура е измерена во Лазарополе од – 4 степени, -3 степени се измерени во Маврово, 0 во Претор, Дебар, Крушево, Охрид, Крива Паланка и во Берово, 1 степен во Прилеп, Скопје – Петровец, Тетово, Куманово и Виница, 2 во Штип, Скопје – Зајчев Рид и Битола, 3 степени во Демир Капија и Струмица, 6 степени биле измерени во Гевгелија.
Висината на снежната покривка до 7 часот изутрина била 28 сантиметри во Лазарополе, 21 сантиметар на Попова Шапка, 11 сантиметри во Маврови Анови.
Од УХМР информираат дека околу полноќ во северните делови почна да дува засилен ветер од северен правец. Умерен до силен северен ветер, претежно по должината на поширокото Повардарие, потоа се задржа преку ноќта, а утринава ветерот е најсилен во Штип, каде што дува со брзина и од над 55 километри на час.
Утринава преовладува променлива зголемена облачност, некаде со слаб до умерен дожд, кој на крајот од ноќта во Крива Паланка премина во снег. Појава на снег во 7 часот има во Берово и Прилеп.
Денеска претпладне времето ќе биде облачно со повремени врнежи, кои и на некои пониски места ќе се менуваат од дожд до снег.
Во западните делови ќе се формира нова снежна покривка. Повремени слаби врнежи од снег ќе има и на повисоките делови во Скопската Котлина. Во пладневните часови облачноста ќе се намали и врнежите ќе престануваат. Ќе дува засилен ветер од северен правец, најизразен по должината на Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9 степени.
Во Скопје од изутрина ќе има зголемена облачност и повремен дожд, кој на повисоките делови ќе преминува во снег. Од пладневните часови врнежите ќе престанат и облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до силен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.