23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Оставката на Заев прифатена, СДСМ на 12 декември бира нов претседател

Највисоките партиски тела на СДСМ ја прифатија оставката на Зоран Заев од лидерското место на партијата а новиот претседател ќе се бира на внатрепартиски непосредни избори на 12 декември. Ова е епилогот од седумчавосниот состанок на Извршниот и Централниот одбор на СДСМ кој се одржа вечерва во седиштето на партијата.

„Централниот одбор констатираше дека со поднесената оставка на претседателот Зоран Заевпотребно е да почне процес за внатрепартиски непосредни избори кои се распишани и ќе се одржат на 12 декември во недела“, изјави Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ.

Постапката за кандидирање почнува утре и ќе трае седум дена а право за кандидатура имаат сите членови на СДСМ кои ги исполнуваат условите согласно статутот. На изборите можат да гласаат сите членови кои ќе се регистрираат во наредниот период.

Кузеска соопшти дека по изборот на претседател ќе следува избор на ново раководство на партијата на предлог но новиот лидер.