Утрово како што соопшти УХМР, -2 степени се измерени во Лазарополе, -1 степен на Попова Шапка, 0 во Маврови Анови, 1 степен во Крушево, 4 во Куманово, Прилеп, Дебар, Охрид, Претор и Берово, 5 степени во Тетово, Битола и Виница, 6 во Скопје-Зајчев Рид, Штип и Крива Паланка, 7 во Скопје-Петровец и Струмица, 8 степени биле измерени во Демир Капија, 9 во Дојран и Гевгелија.
Времето денеска ќе биде претежно облачно, претпладне на југоистокот со локален дожд.
Кон крајот на денот облачноста делумно ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, а попладне слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне од 7 до 10 степени.
Во Скопје претежно облачно, претпладне со слаб до умерен ветер од северен правец. Кон крајот на денот облачноста делумно ќе се намали. Максималната температура ќе достигне 9 степени.