6. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИКЗДРАВЈЕ

Едноставен знак кој покажува дали пиете доволно вода или не

Др. Мајкл Мозли во подкастот на бибиси радио 4 се осврна на темата за мокрење. Тој откри дека оваа физиолошка потреба може да сигнализира дали пиете премногу или премалку вода.

„Ако одите во тоалет пет или шест пати на ден, веројатно ја пиете вистинската количина на течности. Ако уринирате само три или четири пати на ден, веројатно не пиете доволно, а ако треба да уринирате повеќе од седум или осум пати, тогаш веројатно пиете премногу вода“, објасни тој.

Водата е важна затоа што го подобрува целокупното здравје, а одржувањето на хидратацијата влијае на нашето внимание, расположение, здравјето на кожата, па дури и губење на тежината.

„За повеќето од нас е доволно да се напие чаша вода со секој оброк“, вели др. Мозли.

Постојат и европски упатства според кои мажите треба да пијат околу два литри вода дневно, а жените 1,6 литри.

„Тврдењето дека ни требаат осум чаши вода дневно датира од 1945 година, кога беше препорачано од Одборот за здравје и исхрана на САД. Не се заснова на никакво истражување “, тврди тој.

Можеби ќе ве интересира

Четири хороскопски знаци кои ќе имаат среќа во љубовта во октомври – дали сте еден од нив?

ДЕСК

Дневен хороскоп за 7-ми октомври 2025

ДЕСК

“Куркумактив” 95% екстракт од куркума кој докажано ги елиминира сите видови воспаленија, отоци и болки во зглобовите и мускулите

ДЕСК