8. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Мицкоски да не се крие зад соопштенија, да одговори која е неговата улога во аферата „Криминали плацеви“

Реакција од СДСМ на соопштението на ВМРО ДПМНЕ:

Секојдневно во јавноста излегуваат нови докази кои укажуваат дека аферата „Криминални плацеви“ води до Белиот дворец.

Јавноста денеска можеше да види како член на обезбедувањето на Мицкоски, Влатко Илиевски на подарок добил парцели земјиште со вкупна површина од околу 40.000 метри квадратни и како после две три недели истите ги продал за неверојатни 500.000 евра.

Покрај Илиевски во аферата се вмешани и поранешен советник на ВМРО-ДПМНЕ во општина Делчево, поранешен претседател на УМС ВМРО-ДПМНЕ како и татко на актуелен пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Заеднички именител за сите овие лица е Христијан Мицкоски.

Затоа, наместо да се крие зад партиски соопштенија, Мицкоски да излезе пред јавноста и да каже каква е неговата поврзаност со оваа афера?

Истрагата што ја водат надлежните институции ќе ги даде сите детали. Ако се утврди одговорност мора да има санкции, секој кој се огрешил пред законот мора да одговара, без разлика на која партија и припаѓа.

Можеби ќе ве интересира

Не се вознемирувајте: Попладнево сите граѓани ќе добијат тест смс порака преку системот cell broadcasting

ДЕСК

Алиу: За 45 дена над 1.250 нови вработувања во здравството

ДЕСК

Македонка се удави во Грција – нова трагедија го претвори летниот одмор во пекол

ДЕСК