Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка меѓу голф и ауди на патот Неготино – Кавадарци, има повредени

На 11.11.2021 год. околу 20.30 часот, на регионалниот пат Неготино – Кавадарци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“, управувано од Д.П.(28), патничко возило „фолксваген голф“, управувано од М.П.(32) и патничко возило „ауди“, управувано од М.Р.(22), сите со неготински регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.П., а нејзиниот сопатник С.П.(30), возачот М.Р. и сопатничката Т.М.(25) се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата во Неготино.

Бил извршен увид на местото на несреќата.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕСВРТОТ КОЈ СИТЕ ГО ОЧЕКУВАМЕ ДОАЃА, ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ ПАДНАТ И ДО 10 СТЕПЕНИ – Метеоцентар за дождовите и грмежите и доаѓањето на посвежо време, детална прогноза

ДЕСК

Демант: Не е вистина дека гори брод во Охридското езеро, станува збор за вежба на МВР

ДЕСК

АПЕЛ ОД СВР СТРУМИЦА: Доколку се наоѓате во струмичката населба Софилар веднаш напуштете го тоа подрачје – настанат е пожар

ДЕСК