Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Приведени крадци, одземеното вратено на сопственикот

На 11.11.2021 во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Чаир ги лишиле од слобода Џ.Х.(27) од Скопје и Е.Ш.(47) од Косово, со престој во Скопје. Тие се сомничат дека претходно во продажен објект на подрачје на Чаир одзеле повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени кај нив и биле вратени на сопственикот. За двајцата постои сомнение дека и претходно неколку пати во истиот продажен објект одземале разни предмети.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Е.Ш., на која и била истечена дозволата за престој, односно личната карта за странец, била предадена на службени лица од Секторот за странци при Одделот за гранични работи и миграции при Бирото за јавна безбедност за понатамошна постапка

Можеби ќе ве интересира

Фрчат казни: Во месец октомври 16.801 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 121 лице за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Ужас во Скопје: Прегазил пешак, па побегнал – полицијата го најде

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК